ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лани парите на скопјани ги трошеше за скапи журки без тендери, ДКСК и ЈО да отворат случај

Од:

„СДСМ лани парите на скопјани ги трошеше за скапи журки без тендери, ДКСК и ЈО да отворат случај. Петре Шилегов лани потрошил над 250 илјади евра, од кои 154 илјади директно од градскиот буџет, без да распише јавна набавка, туку спровел јавен оглас за организирање на новогодишна забава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов и градската управа од СДСМ спротивно на закон преку МКЦ ги злоупотребиле парите на скопјани.

Прекршени се низа законски акти. ДКСК да постапи согласно закон и да отвори постапка против Шилегов. Очекуваме и ЈО да работи по принципот на владеење на правото и да се спроведе целосна истрага.

Мора да има одговорност за неодговорното трошење на градските пари“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му