ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе се соочи со изборен пораз

Од:

„СДС е во очај и во паника. Хаосот и неспособноста на СДС не може да се сокријат. Расипничката власт на Заев ја доведува државата пред неминовен распад на секое поле. Лагите на Заев и СДС не може повеќе да поминат кај граѓаните и затоа се свесни дека ќе се соочат со изборниот пораз.

На СДС му треба секаква помош за да го дефокусира вниманието од погубните политики и затоа поднесува кривични пријави против најуспешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Ставањето на полицијата во функција на изборите беше неколку пати посочено од наша страна. Соочени со слабиот рејтинг и изборниот колапс на кандидатите за градоначалници од редовите на СДС полицијата поднесува кривични пријави и е соучесник во монтирани процеси се со цел директно да се влијание на изборниот процес.

После поднесувањето на кривичните пријави на градоначалниците на Неготино, Велес, Кавадарци и Прилеп, на мета е еден најуспешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев.

Во овој случај се работи за компанијата „Актива“ и за објект на улица „Гоце Дечев“ во Штип. Оваа компанија со преддоговор во 2004 година платила 1.5 милиони денари за комуналии. Во меѓувреме компанијата, го направила објектот иако немала одобрение за градење, и со Законот за легализација го легализирале објектот и за тоа компанијата платила дополнително во согласност со законот за легализација. Во меѓувреме „Актива“ почнала да гради нов објект и општина Штип за да не биде тужена и да не плаќа милионски оштети кои биле договорени во време кога СДС ја има локалната власт во Штип направено е пребивање со „Актива“ во врска со тие 1,5 милиони денари.

Општина Штип е горда на „Актива“ зошто вработуваат 350 луѓе и придонесуваат значително во економијата на општина Штип.

Ваквото делување на полицијата е надвор од секаква правна логика, со политички конструирани случаи. СДС се надеваат дека со нивно заплашување ќе успеат да ја изиграат волјата на граѓаните и да го намалат изборниот пораз на Заев.

Полицијата полека се претвори во циркус и претставува срам за целокупниот правен систем во Македонија.

Зоран Заев и СДС нема вечно да бидат на власт, а кога ќе заминат ќе се врати правната држава и секој ќе одговара за сопствените постапκи кои се спротивни на заκонсκите норми.

Гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори, без разлика на притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДС и Заев и целосно ќе го делигитимираат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“