ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата

Од:

„Дали Петре Шилегов ќе го видиме како сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка?

Во загубена Република Македонија предводена од Зоран Заев нема да не чуди и тоа да се случи.

Зоран Заев, централната и локалната власт со месеци најавуваа дека ќе се борат против дивоградбите и дека ќе ги отстрануваат. Но, сведоци бевме како градоначалник од владејачкото мнозинство свечено ја отвори дивоградбата во центарот на Охрид кај чинарот, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ваква апсурдна ситуација единствен заклучок е дека СДСМ јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата, затоа што позади нив се кријат политички и бизнис интереси на власта.

Оваа неодговорна, неспособна и криминална власт е одговорна за тоа што Охрид наскоро може да го изгуби статусот во УНЕСКО. Нивното самоволие оди дотаму што на скандалозен начин во Собранието сакаат да протуркаат закон што не е ист со оној што беше презентиран на Сесијата на Комитетот за културно наследство во Баку.

Самобендисаноста и ароганцијата на СДСМ оди до таму што не ја презентираа вистинската и реална ситуација во Охрид, а тоа е бидејќи не беа способни да ги спроведат препораките на УНЕСКО.

Ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, ова го тврдат и медиумите, експертската јавност и невладините организации кои сериозно и будно го следат проблемот со охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

Нејасно е и зошто со предложениот закон се предвидува во советот за охридскиот регион да биде именуван член од Министерството за политички системи и тоа тело одлуките да ги носи според Бадентерово мнозинство. Класично политизирање со културното и природно наследство на Република Македонија.

Ова е уште еден показател дека Заев е подготвен на политички пазар за се во државата па дури и за природното и културно богатство на Република Македонија. СДСМ и Заев мора што побрзо да си заминат за може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на државата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците