ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја уништува Република Македонија

Од:

„СДСМ ја уништува Република Македонија. Државата тоне како на меѓународен така и на домашен план. Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат по улици, а одговорност нема за никого. Власта е нема пред криминалците. Власта е најголемиот криминалец.

Десетина убиства сред бел ден повеќе од година дена се неразјаснети. Правосудните органи не работат според закон, туку според потребите на криминалците. Квалификацијата на делото за убиството на младиот Никола Саздовски како насилство е недозволиво и одраз на заробената држава.

Додека во државата владее безредие, додека Заев ги распродава државните интереси, граѓаните се се посиромашни.

Економијата повеќе од една година е на нула. Градежништвото, нејзиниот главен мотор е во слободен пад од 37%, а со него во пад се и 20-тина сврзни гранки.

Земјоделието е во катастрофална положба. Во услови на зголемена светска побарувачка на храна во Република Македонија земјоделците го фрлаат својот производ на буниште, затоа што државата не успева да обезбеди пласман и сигурен откуп, иако тоа од опозиција го ветуваше.

Животот никогаш не бил потежок од денес. Платите паѓаат, а цените растат. Државниот завод за статистика потврди дека цените на мало во јуни оваа година се повисоки за 2.8% од јуни минатата година, додека трошоците за живот во истиот период за 1.4%.

Горивата редовно се покачуваат откако е СДСМ на власт бележат над 30% покачување.

Животот е полош од кога било. Со СДСМ на власт добивме само чемер и јад. Со СДСМ на власт државата тоне, економски, безбедносно, морално, меѓународно, буквално на секое поле. Република Македонија е понижена, а граѓаните изневерени.

Хаосот мора да запре. Стагнацијата не смее да продолжи. СДСМ мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он