ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја проблематизира реконструкцијата на Градската болница

Од:

СДСМ во свое време планираше да ја продаде Градската болница и да ја претвори во хотел, во време кога нивните министри наместо да купуваат медицинска опрема продаваа стентови на црно и со прст не мрдаа за подобрување на јавното здравство.

За СДСМ Градската болница не беше место каде што граѓаните треба да добиваат поквалитетни здравствени услуги, туку само можност за лично богатење на функционерите на оваа партија.

Лицемерите од Бихаќка денес во нивниот познат стил на лажни душегрижници се обидуваат да проблематизираат темелна реконструкција која е во тек во овој објект.

Не само што со прст не мрднаа и ниту една шајка не заковаа во Градска болница, туку и им пречи кога некој друг работи и ги подобрува условите во објектите од јавното здравство.

Типично за СДСМ. За ништо не ги бива, освен за критика на нешто што некој друг направил преку безочни лаги и евтини пропагандни трикови.

Во старата Градска болница во тек е темелна реконструкција. Вкупната инвестиција на Клиниката „Св. Наум Охридски“ изнесува 125 милиони денари за градежните работи. Со реконструкцијата ќе се опфатат сите болнички соби, оперативниот блок, интензивната нега, Центарот за изгореници, стерилизацијата и др. Реконструкцијата опфаќа и изведба на тоалети во секоја болничка соба, како и комплетна замена на прозорците.

Ова ќе биде прва темелна реконструкција на оваа јавна здравствена установа во 80 години од нејзиното постоење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за Градската болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните