ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија

Од:

СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија. Вчерашните апсења, не се производ на правото, туку на деспотизмот на Заев и картелот околу него, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апсењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото.

Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања.

Секој еден кој ја злоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата. Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на општеството ќе биде поразен од граѓаните.

Деспотот Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните најпрвин на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата