ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја користи секоја прилика за да ја обвини власта

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како нехумано и неодговорно и обид да се манипулира јавноста ја оценува денешната прес-конференција на СДСМ на која опозициската партија обвини дека проблемите во електро енергетскиот систем во државава по невремето со снег и ветер се резултат на погрешните политики на надлежните институции.

– Социјалдемократскиот сојуз води неодговорна и популистичка политика и во желбата да креира негативна слика се налепува на секоја тема и со лаги се обидува да извлече корист за себе. Според нивната логика Владата е крива за временските неприлики и  веројатно за СДСМ Македонија е единствената земја во светот каде поради снег доаѓа до пречки во електро системот и има прекини во патната инфрaструктура, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Атанаско Тунески од СДСМ.

Во исто време кога СДСМ клевети дека не се превземале чекори за надминување на состојбата, се нагласува во реакцијата, треба да има предвид дека над 1.000 граѓани, работници и членови на институции беа вклучени и работеа и се уште работат непрекино за надминување на предизвиците од невремето и дека човечки живoти беа спасени поради брзата реакција.

– Кризниот штаб  на Владата експрено заседаваше и донесе мерки кои беа пресудни за успешно евакуирање на заеваните од снежните наноси. Екипите на МЕПСО до сега ја нормализираа својата мрежа, која е функционална и исправна, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дкеа МЕПСО во последните неколку години има капитални инвестиции чија вредност достигнува повеќе десетици милиони евра.

– Во употреба е пуштен 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје – Куманово. Двете инвестиции се вредни четири милиони евра и со нив ќе се зголеми квалитетот на електричната енергија и ќе се сведат на минимум ризиците од испади на електричната мрежа. Ревитализиран 110 kV далновод ХЕЦ Козјак –  ТС „Скопје3“, ХЕЦ „Света Петка“ приклучена на преносната мрежа. Во овој проект МЕПСО инвестира 1,5 милиони евра, со цел и во  функција на зголемување на доверливоста и стабилноста на електроенергетскиот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се склучиа, додаваат, договори со најдобрите понудувачи за изградба на два далековода со што започнува инвестициски циклус од 13,22 милиони евра за изградба на 122 километри нови далноводи.

– Се стави под напон втор 110 kV систем што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 2“ и „Битола 3“. Со новата инвестиција вредна 300.000 евра МЕПСО двојно ја зголеми сигурноста во снабдувањето на трансфоматорската станица „Битола 3“, која е главен снабдувач на електрична енергија на градот Битола. МЕПСО стави под напон 110 киловолтна разводна постројка преку која постоечката трансформаторска станица „Петровец“, која се наоѓа во оваа општина, директно се поврза на националниот електроенергетски систем и во која се вложени над еден милион евра. МЕПСО инсталираше нов SCADA (систем за контрола, автоматизација и аквизиција на податоци) EMS (систем за енергетски менаџмент) системи за НДЦ, резервниот диспечерски центар и Маркет менаџмент систем. Вредноста на новата инвестиција е 4,2 милиони евра, се прецизира во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Катерина Ѓуровски

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше