ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши масовна дисторзија на целиот општествено-политички систем во државата

Од:

„Анкетите покажуваат дека СДСМ изврши масовна дисторзија на целиот општествено – политички систем во државата. Околу 70% од граѓаните сметаат дека има високо ниво на корупција во судството. Корупцијата е присутна и во здравството, царината и обвинителството.

Македонија тоне кон дното, а граѓаните немаат доверба во системот. Очигледно системот „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ од Струмица Заев го пресликал на ниво на цела држава.

Анализите покажуваат дека над 60% од граѓаните не се чувствуваат безбедно. Оваа власт е директен виновник за тоа. Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, има 9 нерасчистени убиства, голем број опожарени возила и грабежи. Ефикансноста на полицијата и откривачката дејност во Скопје е рекордно ниска, а стапката на криминалитет е енормно зголемена. Раководството на МВР наместо да го гони, го штити криминалот.

Неодговорниот однос на Спасовски и СДСМ придонесе само 16% од граѓаните да веруваат дека полицијата може да ја заштити нивната безбедност, додекаа остатокот или се потпираат на самите себе или не веруваат воопшто никому. Ова е трагедија и виновниците за ова имаат име и презиме Зоран Заев и Оливер Спасовски.

СДСМ нема капацитет да ја врати довербата на граѓаните во полицијата. СДСМ ја уништи довербата на граѓаните во полицијата.

Граѓаните немаат доверба ниту во институциите. Скоро сите институции во државата имаат помалку од 40% доверба кај граѓаните.

Заев, Спасовски и СДСМ ги девалвираа институциите, ја срушија довербата на граѓаните во институциите и наместо истите да бидат заштитник, тие станаа средство од кое граѓаните се плашат. Ова мора да запре. СДСМ не смее да продолжи со своето деструктивно однесување. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот