ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ избегнува да се соочи со реалноста

Од:

СДСМ и после поразот со 200.000 гласови разлика не успева да научи дека граѓаните очекуваат од политичките партии многу работа и резултати, а не празни зборови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на портпаролот на опозициската партија Петре Шилегов.

– Прес – конференцијата на Петре Шилегов од СДСМ е полн со невистини и манипулативни искази. Да беше точно тоа што Шилегов денеска го зборуваше сигурно дека СДСМ ќе победеше со 200.000 гласови на последните парламентарни избори, а не како што се случи да ги изгуби изборите со истата разлика, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што се наведува, избегнува да се соочи со реалноста и избегнува реално да погледне на состојбите.

– Очигледно СДСМ не може и не знае како да се спротиставни на начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме постојано ангажирани на подобрување во сите области, отворени сме кон граѓаните, одговорно постапувме спрема интересите на државата и посветено работиме без прекин, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски