ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ или незнаат или свесно лажат за искористеноста на ИПА фондовите

Од:

На СДСМ им смета отчетноста на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните, затоа што СДСМ никогаш не даде отчет за својата работа. Лицемерно е СДСМ да зборува за искористеноста на европските пари, кога за време на владеење на нивните “ЕУ-експерти” Македонија не ни успеа да добие акредитација за ИПА инструментот.

– За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ досега има повлечено околу 130 милиони евра од ИПА компонентата. Европските пари учествуваат и ќе продолжат да се искористуваат за битни проекти како на пример автопатот Демир Капија- Смоквица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Лидија Димова од СДСМ.

Што се однесува на 18-те милиони евра кои ги споменува Димова дека се префрлени на Светска банка, информираат дека тие пари ќе се пласираат во Македонија преку проектот МСИП за подобрување на општинските услуги со кој на општините им се даваат средства за реализирање на капитални инвестиции, и оти досега веќе се спроведени два успешни циклуса од овој проект.

– Овие 18 милиони евра ќе бидат вложени во Македонија за подобрување на руралната инфраструктура, за капитални проекти кои ќе ги подобрат условите за живот во руралните подрачја. Укажуваме дека овие средства не се кредит, туку грант како и сите останати средства кои се добиваат преку претпристапната помош ИПА, секако истите се во функција на европеизација на Македонија. Ова покажува дека во СДСМ или незнаат или свесно лажат за искористеноста на фондовите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски