ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја втурнаа државата во политичка и правна криза

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието го прекршиле Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и за тоа, потенцира, мора да сносат одговороност.

– Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранската платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, четири дена молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.

– Заев очигледно ужива кога го навредува Македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби. Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град. Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа. Граѓаните, порачува партијата, сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа