ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев директни виновници за кризата во земјата

Од:

СДСМ и Зоран Заев се директни виновници на кризата во која што се наоѓа Република Македонија. Тие се директни виновници и за продлабочувањето на тензиите, истакна денеска на прес-конференција Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Заев со саботажата на средбата во Виена покажа дека нему му е важен само личниот интерес, а не му е важен интересот на државата и на граѓаните кои сакаат крај на оваа долга политичка криза.

Заев ја саботираше средбата во Виена и, како што рече Милошоски, поропуштена е шанса да се дојде до договор за спроведување на она што веќе е потпишано, предвремени парламентарни избори на 5 јуни, со новата Државна изборна комисија и со Владата која што има мандат и со граѓаните кои сакаат на избори да одлучат кому ќе му ја дадат својата доверба.

Милошоски рече дека се исполнети барањата на СДСМ и Заев, а тоа е први луѓе во МВР и МТСП, нов состав на Државната изборна комисија и исто така функционира Специјално јавно обвинителство. Она што Заев не успеа да го оствари, според Милошоски е поддршката од граѓаните. Тој е исплашен од избори и бара нивно одложување и со нивното одложување свесно придонесува за пролонгирањето на кризата во Македонија.

– Сметаме дека ваквата деструктивна политика и однесување на Заев ќе продолжи бидејќи е свесен дека не ја ужива поддршката на народот и затоа е уплашен да се појави на избори и да ја понуди својата програма, рече Милошоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија се соочува со две опции. Едната е да исчекори на избори во насока на излез од кризата, додека втората е да не излезе на избори и кризата да се продлабочи.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е стабилност на државата демократски избори на 5 јуни, крај на кризата и враќање кон реформите, градење на патишта, болници, поддршка на земјоделците и отворање нови работни места, рече Милошоски.

Милошоски потенцира дека избори на 5 јуни ќе има.

– Подготвени сме да работиме со нашите меѓународни партнери за да осигураме дека тие ќе бидат во мирна, фер и демократска атмосфера, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски