ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса

Од:

„СДСМ и Сорос се две страни на иста паричка.

Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ.

СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите кои ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство.

Како и многупати досега организациите финансирани од луѓе како Владе Милчин и неговите духовни чеда Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Лидија Димова кои глумеа невладини седнати во скутот на СДСМ, се обидоа да ја уништат во корен секоја мисла различна од нивната пропаганда која добива и насилничка форма.

Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество. Овој процес е неопходен за Македонија да се ослободи од злото кое го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и земе под своја команда за да му слугува на Заев и на СДСМ.

Десоросоизацијата започна и враќање назад од тоа нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски