ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и по изборниот дебакл продолжува да го потценува народот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на криминален, нефер и недемократски начин Зоран Заев бил ослободен од притвор и од судска постапка токму од лицето кое на криминален начин и со полнење кутии ја узурпирало функцијата претседател не Република Македонија.

– За разлика од тогаш, на 13 и на 27 април имаше мирни, слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ја изразија својата волја и ги отфрлија старите лица од политиката кои лажно се претставуваа за нови, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Со овие соопштенија кои се пишувани од двајца или тројца од раководството на СДСМ, се посочува во реакцијата, овие неколку луѓе се ставаат над слободно изразената волја и поддршка од над 530.000  луѓе кои својот глас го дадоа за претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

– СДСМ и после изборниот дебакл и пораз од над 200.000 гласови разлика продолжува да го потценува народот и да му ја негира неговата сила да одлучи правилно, а при тоа оваа партија воопшто не внимава ниту на загрозувањето на интересите на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски