ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат

Од:

„СДСМ и пионот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат. Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното.

Пиунот Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски. Имено 17.7% од граѓаните даваат поддршка за претседателот Мицкоски, додека само 5.5% за Ковачевски.

Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори.

Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски