ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Габер треба да одговорат каква е состојбата со привремената референца БЈРМ 22 години подоцна

Од:

Виктор Габер и СДСМ треба да одговорат зошто истите луѓе кои како стратешки потег во надворешната политика одлучија за промена на државното име и знаме на Република Македонија, гласајќи ја промената без опозиција во парламентот, денес повторно ја нудат својата експертиза која на граѓаните на Македонија им нанесе срам од невидени размери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Габер. 

– СДСМ и Габер треба да одговорат и каква е состојбата со привремената референца БЈРМ 22 години после нејзиното воспоставување, која и’ ја наметнаа на својата земја како стратешки потег, ветувајќи дека ќе има рок на траење од само шест месеци, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата меѓу другото прашуваат дали Габер заборавил да каже дали состојбите во МНР ги проценува со истиот елан со кој во 1995-тата година во име на МНР потпишал договор за соработка со Северна Кореја. Од раководството на СДСМ пак, бараат да одговори дали овој, според нив, истрошен дипломат кој учествувал во многу срамни моменти од македонската историја е нивното најдобро решение, затоа што, велат, другите негови конкуренти се склони кон физички пресметки како Добринка Тасковска во Хаг или имаат афинитети кон лична меѓусебна пресметка бесрамно рушејќи го угледот на земјата како што, велат, правел Ѓорги Спасов.

– Доколку целта на Габер и СДСМ е како што велат Македонија да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации, тогаш треба ниту тие ниту Габер да не помислуваат да зачекорат во МНР бидејќи се што се случило во време кога ваквата комбинација имала моќ на одлучување и нанело единствено огромен срам на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа