ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат резолуцијата

Од:

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине од позицијата претседател на Собранието, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев во врска со преговорите со Бугарија и ставовите на Талат Џафери.

„Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија.

Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите.

Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност.

Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.

Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ