ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го стопира секој проект што го предвидел ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ е подготвен да го стопира секој проект колку и да е тој во интерс на граѓаните само заради тоа што го предвидел ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот, како што рече на денешната прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, и со домот за стари лица што требаше да се гради во скопската населба Маџари.

– Ова е парцелата каде што требаше да се изгради домот за стари лица со капацитет од 170 легла, кој СДС го блокираше и за кој ги скрати средствата. За овој проект беше определена локацијата, утврден ДУП, завршена цела проектна документација, само требаше да се отпочне со градба. На овој простор требаше да се изгради најсовремен дом за стари лица и пензионери, според сите стандарди, но поради негрижата и незаинтерсираноста на СДС овој дом ниту ќе се отпочне ниту ќе се заврши додека се тие на власт, изјави Пешевска пред парцелата на која требало да се гради домот.

Домот, како што кажа, се градел на барање на пензионерите и требало да има вкупна површина од 4.723 метри квадратни, но нема да се реализира, бидејќи со ребалансот се укинати 28 милиони денари, меѓу кои и средства за почеток на изградба токму на овој дом.

– Жалиме што СДС нема слух за вакви инвестиции кои се во интерес на граѓаните. Заради СДС на овој простор уште долго нема да се гради домот за најранливата категорија на стари лица, односно за стари лица без приходи и материјално необезбедени стари лица, стари лица со ниски приходи, болни и изнемоштени, потенцира Пешевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат