ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го прогонува Антонијо Милошоски само затоа што тој отворено зборува за нивните криминали

Од:

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството,“ обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за репрекусии и притисоци врз сите политички неистомисленици.
Има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката Еуростандард, скандал тежок 200 милиони евра, беспоговорно се краде народот.

Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се преставуваат за власт.

Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето е единствено Зоран Заев и неговите луѓе. Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски