А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го изгуби мнозинството во Советот во Струмица

by А1он05/02/2017 - 14:5505/02/2017 - 15:40133
Share0

СДСМ го изгуби мнозинството во Советот на Општината и не се веќе на власт, зашто немаат кредибилитет, истакна на денешната прес-конференција кооординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов.

Добивај вести на вибер

Според него, оваа советничка група деновиве успеала во своите редови да го придобие кандидатот советник од ВМРО-НП, со што го добиле потребното мнозинство од 12 советници, наспроти во моментов 10 на СДСМ.

– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општината. На последната седница се гласаше за дневен ред каде што немаше расположение од советничката група на СДСМ и ја блокираa работата на седницата и на комисијата зa мандатни прашања. Се потрудивме во интерес на граѓаните во коалиција со советникот од ВМРО-НП да го одблокираме работењето на Советот на Општина Струмица, рече Пакетов.

Новата советничка група бара одржување итна седница, избор на нов претседател на Советот и нов градоначалник.

– Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица, рече Пакетов.

Според него, ова значи нов почеток во Струмица.

– Ова е нов почеток во Струмица. Почнува транспарентно и отчетно работење во општина Струмица. Ова значи крај на нетранспарентноста и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена ревизија на работењето на сите општински институции. И започнува нов почеток на одговорно владеење и многу проекти за граѓаните на Струмица, рече Пакетов.

strumica

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:2508/02/2026 - 15:13

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:12

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен