ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ гласаше против поевтин паркинг за граѓаните во Скопје

Од:

„Граѓаните во Скопје плаќаа високи цени за паркинг за во исто време функционери на СДСМ да имаат привилегија да се паркираат бесплатно 24 часа на било кој паркинг во градот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде уште потрагично СДСМ гласаше против одлуката цените на градскиот паркинг во Скопје да се намалат.

Јавното претпријатие Градски Паркинг СДСМ и ДС го претворија во дувло на непотизам, кој народот го плаѓал со високи цени на паркингот или со високи казни, а сега гласаа во Советот против поевтинување на услугите за паркинг.

Очигледно на СДСМ му пречат мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните. СДСМ е против народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче