ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за мафија

Од:

„СДСМ е синоним за мафија.

Секогаш кога СДСМ ќе ја дограби власта или некоја функција, тоа значи уништување на институциите и деструкција на државата.

Тоа го потврди и ЦИА. Шверцот, корупцијата и богатењето на олигарсите на СДСМ, на кои сведок беше секој граѓанин на Република Македонија, сега на увид ги има и меѓународната јавност.

Дури и нивниот Петар Гошев се сомневаше дека СДСМ е подготвен да убива само за да остане на власт и да продолжи со незаконските провизии и криминалот. Самиот Гошев го посочува идеологот на СДСМ, Љубомир Фрчковски како главен диспечер на криминалот со нафта кој имал тарифа од 2.000 до 3.000 евра од вагон.

Тоа е единствениот начин на работење кој во партијата се пренесува од колено на колено.

Затоа Зоран Заев беше аболициран од Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра во случајот Глобал.

Аболицираниот Зоран Заев ја сфати пораката од Црвенковски и продолжи со традицијата. Рекетираше бизнисмени и го надгради системот воведувајќи нова пракса во Струмица каде што СДСМ е на власт по принципот „едно евро за Вицето”.

СДСМ минатата година имаше министри во два ресори и заменици во уште три. Освен скандали и афери, функционерите на СДСМ не реализираа ниту еден проект кој ќе го подобри стандардот на граѓаните.

МВР не реализираше ниту една единствена акција во борба против криминалот и корупцијата. Напротив, генералниот секретар на СДСМ кој беше назначен за технички министер го опкружуваа криминалци, а имаа и редовни средби со неговиот шеф, лидерот на партијата.

Народот на 11-ти декември се спротивстави на коалицијата на СДСМ со криминалот. Одговорност за криминалот ќе има, а заслужената казна ќе следи. Нема да може да помогне ниту Катица Јанева, ниту СЈО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата