ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија која продуцира и создава несигурност и конфликти

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на прес-конференција рече дека денес на сите им е јасно зошто Македонија живее во долга политичка криза и оти СДСМ е партијата која продуцира и создава несигурност и конфликти кај граѓаните.

СДСМ, како што посочи, си поигрува со државата, со граѓаните, со институциите и со националните интереси на Република Македонија.

– Требаше да помине доволно време за целокупната македонска јавност, вклучително и најсилните поддржувачи на опозицијата, да ја видат, но и да ја разберат антидржавната и антинационалната политика која повеќе години наназад ја спроведува раководството на СДСМ, а е на штета на Македонија и на нејзините граѓани, рече Димовски на денешната прес-конференција.

СДСМ, според него, се фатени живи и се во кал до гуша. – Фатени се како фалсификуваат, како фабрикуваат, како подметнуваат, како лажат, како монтираат, како уценуваат, како тргуваат со криминалци, рече Димовски. СДСМ, како што додаде, има за цел на недемократски и антидржавен начин да се врати на власт без поддршка од граѓаните.

– Блокираа буџет, пензии, земјоделски субвенции, социјална помош. Организираа обиди за насилно превземање на државните институции, на Собранието и на Владата. Тепаа полицајци. Го кинеа македонското знаме. Повикуваа на насилство и меѓуграѓански пресметки. Физички нападнаа Претседател на Собрание и повеќе пратеници. Соработуваат со криминалци. Си играат со чувствата на граѓаните, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус