А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е очаен губитник

by А1он05/01/2017 - 13:50176
Share0

СДСМ е очаен губитник. На Бихаќка цврсто се држат за традицијата да не ја признаваат волјата на народот. Памет не им доаѓа ни кога резултатот од последните 10 изборни циклуси е 10:0 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

Сега СДСМ мисли дека ако замижи со двете очи, поразот кој го доживеа ќе престане да постои. Тоа е можно само во земјите на чудата во кои живее СДСМ. Во реалниот свет во кој живеат сите останати, СДСМ на изборите беше поразен и прими јасна порака од граѓаните дека мнозинството е против кризите кои ги создаваат Бихаќка и Фабриките за афери, со цел да ја држат земјата во агонија, а граѓаните во грч.

Во состојба на очај СДСМ се обидува со нереален популизам да ги прелаже граѓаните дека сака да им го олесни животот. Не е за чудење доколку на наредните избори СДСМ вети дека доколку дојде на власт сите матуранти ќе имаат петки, а студентите десетки. Толкав е капацитетот на оваа партија која никогаш со прст не мрднала за подобрување на квалитетот на образованието, туку напротив, работела на негова штета.

Сега со најновите т.н. реформи, СДСМ предлага бркање на наставници и професори од работа преку намалување на фондот на предмети и часови. И бркањето луѓе од работа е традиционална вредност на СДСМ која за среќа на граѓаните нема да се реализира.

Граѓаните гласаа за програмата Реално и затоа нема да има бркања на професори и наставници од работа. Тоа е сигурно и јасно како ден. Но исто така реално ќе се оценуваат и учениците.

ВМРО-ДПМНЕ е против лошите вредности од транзицијата и наметнатото рушење на критериумите поради притисоци од родители за оцените на своите деца. Еднаш откако ќе се попушти на притисоците се воедначува спуштениот критериум кон сите па имало ситуации во кои цели одделенија биле со одличен успех.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде принципиелно против основци и средношколци со помало знаење од потребното поради кое ќе трпат последици низ целиот живот, на факултет и на пазарот на трудот. Меѓународно нема да се конкурентни, а се праќа и пораката дека може да се успее и без труд туку со врски и ургенции.

Главен губитник од сето тоа се децата кои се жртви на пропагандата на СДСМ. Но, губитник е и целото општество.

Додека земјите во светот се во натпревар кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, во Македонија не смее натпреварот да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште.

Секаде во светот има континуирани тестирања и никаде опозицијата не купува поени со ветувања дека ќе го укине екстерното. Но, секаде во светот опозицијата исто така го признава и прифаќа поразот на изборите.

Нашата опозиција е посебна и специфична и не мисли на доброто на идните генерации, ниту ја прифаќа волјата на мнозинството. Затоа и после 10 изборни циклуси продолжува да биде опозиција.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен