ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е до гуша во криминал

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение, реакција на прес конференцијата на Петре Шилегов.

„Зоран Заев и злосторничкото здружение околу него е синоним за криминал. Коалицијата на СДС со криминално-мафијашките структури не е од денес и не е само откако СДС ја формираше владата.

Коалицијата на СДС со криминалот е основната потпора на партијата откако Зоран Заев стана нејзин лидер. Аболицираниот криминалец Заев никогаш не го интересирале граѓаните. Го интересирале само стотици милиони евра на личните банкарски сметки.

Заев како градоначалник беше аболициран од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра за случајот „Глобал“. Фатен, жив на дело! Криминалецот Заев треба да одговара за барање поткуп од 200.000 евра, по принципот „едно евро за Вицето“.

Самите советници на СДС ја разоткрија криминалната шема на нивниот градоначалник Андреј Жерновски. Повторно се споменуваат поткупи од стотици илјади евра.

Зоран Дамјановски Циц како градоначалник на Куманово е типичен пример како владее СДС и каква локална политика води. Скандали, лицемерие, манипулации и безобразното владеење ја претвори општината во банкрот.

Самиот Петре Шилегов за да затаи данок, себе си си издава станови и деловни простории.

Радмила Шекеринска освен бонбона бизнисот со струјата, успеа по примерот на Шилегов сама себе да си изнајмуваше станови.

СДС е до гуша во криминал.

Сега СДС е заслепен од ароганцијата и смета дека е над законот. Ваквата забеганост нема да трае вечно. По заминување од власт на Заев и криминално-расипничката влада, правната држава ќе се врати и сите членови на злосторничкото здружение ќе одговараат“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито