ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ додели државјанство со цел да именува директор на ЕЛЕМ

Од:

„СДСМ додели државјанство со цел да именува директор на ЕЛЕМ докажан непрофесионалец, скандал мајстор и светски мешетар Обрадовиќ.

Последните информации кои ги објавија медиумите за намерата на Заев да го именува српскиот граѓанин за директор на ЕЛЕМ, а ЕЛЕМ како што знаете е најголемата државна фирма која вработува 4800 лица и која учествува со 98% во домашното производство на струја, е само уште еден показател за нивното неодговорно владеење.

Проблемот со Обрадовиќ е тоа што се поврзува со матни зделки и недомаќинско работење.

Имено Обрадовиќ бил променет токму поради тоа од позицијата директор на Електропривреда на Србија, па сега Зоран Заев посакува да го именува како директор во ЕЛЕМ. Тој дури и ја отпочнал постапка да му додели државјанство, а целата јавност го поставува прашањето зошто е избран токму тој и со што тој ќе придонесе за Република Македонија.

Се поставуваат голем број дилеми.

Дали се работи за човек кој ќе има задача да спроведе уште еден бомбона бизнис и да отпочне постапка за приватизација на една капитална компанија како ЕЛЕМ?

Дали Зоран Заев го именува Обрадовиќ за директор поради тоа што е докажан во своето недомаќинско работење? Впрочем српските медиуми беа тие кои пишуваа дека Обрадовиќ се поврзува со расипништво, луксузи, доделувалување на тендери во нему познати компании, ненаменски трошење на средства како и ангажирање ТВ ѕвезди за огромни хонорари.

Со еден збор Зоран Заев има намера да именува балкански мешетар и контроверзен српски граѓанин, за кого српските медиуми пишуваат во негативно светло и го поврзуваат со бројни афери.

Во најмала рака овој потег на Заев е навреда кон бројните експерти и професори од областа на енергетиката со кои располага Република Македонија, па сега увезува сомнителни ликови од Србија.

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста со право се исплашени дека ваквата кадровска политика на Заев во енергетиката нема за цел да го унапреди овој сектор, туку има за цел да го доведе во ситуација од која потоа единствен излез ќе биде приватизацијата“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски