ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив

Од:

„СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив. Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.

„СДСМ сака народот да заборави ма целата нивна неспосбност. А што се однесува на случајот кој што сакаат да го фабрикуваат ококу градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират.

Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал.

Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен.

И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози.

Во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. СДСМ фабрикува случај каде што нема. И за тоа ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче