ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дава лажни ветувања за вработување и образование на младите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешното соопштение на СДСМ за мерките за вработување и образование на младите, оценува дека СДСМ дава лажни ветувања.

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во времето на СДСМ партиципацијата за студирање била висока, а студирањето не било достапно за сите.

– ВМРО-ДПМНЕ досега имплементираше бројни проекти, мерки и активности со кои на младите им се отворија можностите за студирање и за вработување во сопствената земја. Потсетуваме дека партиципацијата за студирање се намали од 1.200 на 200 евра годишно, а наспроти некогашните 5-6 видови стипендии, во меѓувреме изградивме систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни видови финансиска поддршка и стимулација за вложениот труд на учениците и студентите, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека минатата година биле промовирани 40-тина мерки за млади како проектот „Купи куќа за млади“, бесплатен јавен превоз за студенти, бесплатно патување за најдобрите студенти, проектот Македонија вработува….

– Само од активните мерки за вработување, кои во најголем дел се однесуваа за младите, се креираа над 43.000 работни места, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ