ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да го политизира загадувањето на воздухот

Од:

СДСМ во недостаток на теми секоја година ги повторува истите прес-конференции за загаденоста на воздухот и шири паника меѓу граѓаните. Несериозно е да се излегува на прес-конференција и со неколку општи реченици да вели дека нудат предлози за спас од загадувањето наспроти системските мерки кои веќе се превземаат од Владата и градот Скопје, се вели во реакцијат на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Пеце Мирчевски од СДСМ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своите надлежности и овластувања како и градот Скопје превземаат активни мерки за намалување на загаденоста. Во Град Скопје во последните пет години се засадени преку 60.000 нови садници и таков бран на озеленување не се случил во последните 40 години. Се изградија нови паркови и се издвојуваат средства за одржување на постојните. Прв пат од формирањето на претпријатието се набави комплетно нов возен парк на ЈСП за што се купија 313 нови автобуси кои ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди. Се изградија и проширија булеварите Илинден, Србија, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов, Климент Охридски, Трета Македонска Бригада и уште голем број други улици, се вели во соопштението.

Со увозот на половни возила во Македонија, пак, се додава, се подобри и поднови возниот парк и се заменија возилата стари по 20-25 години години кои беа без еколошки стандарди. Се пропиша обрска секој индустриски капацитет да има своја филтер станица за прочистување на воздухот и дополнително се работи на гасификација на Скопје и Република Македонија што активно ќе придонесе за значително намалување на загаденоста на воздухот.

– СДСМ треба да престане да политизира се во оваа држава, па и загадувањето на воздухот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски