ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да почне да се однесува како парламентарно мнозинство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека нема ништо од ветувањата на СДСМ за инклузивност и соработка со опозицијата.

– СДСМ мора да престане да се однесува како да се сопственици на Собранието на Република Македонија и да почнат да се однесуваат како парламентарно мнозинство во една парламентарна демократија. Каде е демократијата која што од уста не ја вадеа додека беа во опозиција? Ова не е демократија, ова е самоволие и обид за присвојување на сите процеси кои што се случуваат во Република Македонија, рече денеска пратеникот Драган Данев во изјава пред Собранието на РМ.

Тој посочи на расправата по однос на ребалансот на Буџетот за 2017 година за која рече наместо содржинска дебата и сериозно пристапување од страна на СДСМ на поднесените амандмани, видовме, рече, само блокада на амандманската расправа, односно СДСМ на секој можен начин преку многуте бесмислени реплики придонесе за што помал број амандмани да бидат разгледани и образложени.

– Од вкупно 706 амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ и нешто повеќе од стотина амандмани од страна на другите партии во опозиција, Комисијата за финансирање и буџет разгледа само 62 амандмани односно преку одлговлекување и блокирање на расправите СДСМ имаше јасна цел, а тоа беше разгледување на што помал број на амандмани, рече Данев и додаде дека преку блокирањето на амандманите СДСМ докажа дека не сака да слуша за проблемите на граѓаните и истовремено нема намера да ги решава истите проблеми.

Според него апсурдот да биде уште поголем, од поминатите 62 амандмани на Комисијата за финансирање и буџет од страна на мнозинството членови предводени од СДСМ не беше прифатен ниту еден амандмани на опозицијата.

– Ова претставува јасен показател за начинот на кој што СДСМ планира да владее и да ја води државата. Не прифаќањето на ниту еден амандман на опозицијата од страна на СДСМ исто така е еден од ретките случаи кога парламентарно мнозинство на таков арогантен и игнорантски начин ја третира опозицијата, рече Данев.

Ги потсетува 62-цата пратеници од парламентарното мнозинство дека во Собранието има уште 58 други пратеници кои, како што рече, ја добиле довербата од граѓаните и ги бранат и застапуваат нивните интереси. СДСМ колку и да се обидува не може тоа да го игнорира.

Порача дека доколку навистина сакаат вклученост на опозицијата во сите битни одлуки за државата треба да престанат тоа да го користат како маркетиншки трик и убави зборови и да покажат на дело дека се спремни за соработка и инклузивност. – На овој начин на однесување на СДСМ, додадем, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ги користат сите демократски права кои што им ги нуди Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и ќе се борат да бидат слушнати барањата и зборовите на граѓаните.

Истакна дека токму затоа сметале дека постапиле правилно и предвреме го предвиделе ваквото однесување на СДСМ и како резултат на тоа се формирани десетте пратенички групи кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на дебатата во законодавниот дом, но исто така, како што истакна, да се спречуваат сите обиди на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ да ја замолчува опозицијата и да си ги спроведуваат нивните штетни политики.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС