ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да почне да се однесува како конструктивна партија

Од:

Самобендисаноста, ароганцијата и отуѓеноста на СДСМ не им дозволува реално да ги видат работите, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Раководството на СДСМ мисли дека ужива поддршка од граѓаните, иако на 9 изборни циклуси по ред граѓаните јасно и недвосмислено ја казнува нивната безидејна и деструктивна политика, со која им штетат и на граѓаните и на државата. Впрочем во СДСМ сè уште владеат истите луѓе кои ги аминуваа штетните политики на СДСМ од времето на криминалната приватизација, транзицијата која остави над 200 000 невработени и стотици затворени фабрики, кога се богатеа партиските олигарски, а народот осромаши до тој степен што не можеше ниту да се измери. Граѓаните тоа им го паметат и затоа не им ја даваат довербата и денес, бидејќи во СДСМ ништо не се променило“, се наведува во соопштението.

Владејачката партија истакнува дека е време СДСМ да почне да се однесува како „сериозна и конструктивна политичка партија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина