ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание

Од:

„СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание, таа е став на народот, неприфаќањето на истата е одење против ставовите на МАНУ и УКИМ. Резолуцијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ е сублимат на ставовите искажани од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Резолуцијата нема зошто да го плаши ниту еден политичар во Македонија кој и мисли добро на државата, нејзините интереси и народ. Секој оној кој се води од други побуди, а не од интересите на народот ќе има проблем со Резолуцијата.

Македонија мора да има исцртани црвени линии, и тие мора да добијат институционален облик.

СДСМ да не се обидува преку Собранието да ја кочи, зошто од тоа штета ќе има само Македонија.

Очекуваме СДСМ да се надрасне себе си и сопствената деструктивност и да си остане на ветеното дека ќе ја поддржи Резолуцијата без изговори.

Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија