А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да научи да го почитува гласот на Македонците

by А1он16/12/2016 - 15:08106
Share0

СДСМ ќе мора да научи да го почитува гласот на Македонците, правото на слободен избор и концептот на демократско одлучување и од тоа отстапување нема да има, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешното соопштение на СДСМ во кое ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации и го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека врши притисок врз Државната изборна комисија.

Добивај вести на вибер

– СДСМ синоќа имаше можност да види како изгледа достоинствен, патриотски протест, за разлика од насилниот и деструктивен протест на нивните платеници и вандали што ја држеше цела држава во грч долго време. СДСМ имаше прилика да види како изгледа кога граѓаните го користат демократското право на протест за да го одбранат врвното право на глас и одлучување за својата иднина, за разлика од вандалите и платениците на СДСМ кои уништуваа државен имот, повредуваа полицајци и сквернавеа споменици на македонската држава, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се потенцира, не е демократска партија и не го разбира концептот на одлучување на мнозинството.

– СДСМ сака да ја окупира државата без поддршка од мнозинството народ и да се однесува фашизоидно како што се однесуваше и минатите две и пол години. 454.519 гласови за ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека народот нема да му го дозволи ова на СДСМ и дека минатите и сите избори претходно биле кристално чисти и демократски, а СДСМ не ги признал затоа што не сакал да се соочи со поразот. Затоа СДСМ реши да ја втурне Македонија во криза, а истото сака да го повтори и овој пат после десеттиот пораз по ред, се посочува во реакцијата и се додава дека тоа нема да им помине, бидејќи граѓаните нема да го дозволат.

СДСМ, се додава, измислуваше дека некакви т.н. половина милион фантоми им ја краделе победата на изборите во минатото.

– Лажеа и манипулираа, бидејќи само така знаат да функционираат. Сега продолжува на ист начин да ја оспорува волјата на народот. За таа цел СДСМ може да продолжи како свои да ги брои гласовите на помалите албански партии, па да измислува и халуцинира бројки. Меѓутоа СДСМ ќе мора да ги брои како не-свои гласовите на половина милион Македонци кои му кажаа не на Заев и неговите партнери за сценариото во кое сакаат да ја раскрчмат Македонија, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:1224/02/2026 - 14:32

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

Горан Наумовски24/02/2026 - 11:03

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:1524/02/2026 - 09:29

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ23/02/2026 - 21:1023/02/2026 - 21:27

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:47

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен