ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја поддржи Декларацијата за македонскиот херој Гоце Делчев- засега тие молчат, што е загрижувачко

Од:

„СДСМ молчат за предлог Декларацијата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со која се афирмира заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту експертите, ниту пошироката јавност не гледа ништо спорно во тоа да се констатира огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на Гоце Делчев во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност. Дополнително во година кога се прославува јубилеј 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, нема ништо спорно во тоа да има институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев.

Очекуваме како што се сплотува јавноста околу една ваква Декларација, така да има сплотеност ид од страна на политичките субјекти на власт. Молкот на СДСМ само може да ги зголеми сомнежите дека власта на СДСМ подготвува пазар со националните интереси особено во делот на историското значење на гоце Делчев во македонската револуционерна борба“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ