А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го поддржи предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет отсто

by А1он04/08/2017 - 14:46134
Share0

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да го поддржи предлог-законот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет отсто кој е во собраниска процедура и кој наскоро треба да се најде на гласање пред пратениците.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ако СДСМ во предизборниот период беа искрени кога ветуваа 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, тогаш без одложување треба да го поддржат овој предлог со што ќе им се зголемат платите на вработените во јавниот сектор за пет отсто. Доколку не го поддржат, уште еднаш ќе го покажат своето лицемерие и без грижа кон граѓаните, изјави Лилјана Кузмановска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ го предложи законот врз основа на реалните потреби на лицата вработени во јавниот сектор.

– Предлог-законот предвидува покачување на платите во јавниот сектор за пет отсто во 2018 година и за дополнителни пет проценти во 2020 година, за образованието, војската, полицијата, здравството,.. Ние имаме кредибилитет да го нудиме и реализираме ова покачување бидејќи кога бевме на власт ги зголемивме платите во јавниот сектор за околу 30 отсто. Штом можело тогаш, може и сега. Овој предлог го имаме и во програмата за избори и ако бевме власт како што народот одлучи, ќе ги зголемевме платите во јавниот сектор, потенцира Кузмановска.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО-ДПМНЕ, додаде, не гледа причина зошто СДСМ не го гласаше законот за покачување на платите во собраниската Комисија за труд и социјална политика.

– СДС не го гласаше законот во Собраниската Комисија за труд и социјална политика, но овој закон помина во следна фаза бидејќи доби поддршка и од пратеници кои не се дел од нашата коалиција, кои заедно со ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа законот. Тоа најдобро говори дека овој закон за покачување на платите во јавен сектор е позитивен, реален и корисен, рече Кузмановска.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео