ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги врати милионите што ги украде Заев, и Мајбахот на Трајче, со кој може да се купат 5 противпожарни возила

Од:

„СДСМ да ги врати милионите што ги украде Заев, и Мајбахот на Трајче, со кој може да се купат 5 противпожарни возила. Над 20 милиони евра се изрекетирани во рекет шема на СДСМ. На тоа уште десетици нивни фирми потоа влегоа во РЕК Битола и го упропастија комбинатот, а Македонија ја оставија без струја. Штетите од ова се 250 милиони евра годишно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради криминалот на СДСМ сега плаќаме скапа струја. СДСМ да ги врати парите украдени од Рашковски и Мухамед Зекири, кои наместо генерални секретари биле генерални криминалци. И испумпале милиони евра.

СДСМ да ги врати парите, а ќерката на Ковачевски да не патува на државен трошок кај Папата, Ева Заева да скрати од луксузните патувања.

СДСМ да не краде, тогаш ќе има пари и за поголеми плати и струјата ќе биде поевтина.

Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ