ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши притисок врз ДИК да ги оневозможи одржувањата на локалните референдумите за мигрантите

Од:

„Со сите средства власта и СДС вршат притисок врз ДИК да ги оневозможи одржувањата на локалните референдумите за мигрантите.

ДИК мора според закон да им овозможи на граѓаните да го искажат своето мислење.

СДС повторно мисли дека некои прашања не заслужуваат одговор.

СДС е исплашен од слабите резултати и поразот што го очекува на претстојните избори и во ДИК го користи мнозинството и го забрани изјаснувањето на граѓаните.

ДИК не смее да потпадне под притисоците на СДС!

Македонија нема доволно средства за да овозможи населување на околу 150.000 мигранти кои новата власт сака да ги насели во повеќе општини.

Граѓаните со право стравуваат за својата иднина. Во рамките на неколку општини веќе се бараат локации дека за изградба на нови згради со што на локалното наслеление ќе им се одземе шансата за вработување. Ова претставува и опасност и ризик за следните генерации чија иднина ќе биде неизвесна.

Поради сето ова на наредните избори на 15-ти октомври народот ќе ја казни оваа погубна политика на СДС“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски