ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши класична дискриминација по политичка основа

Од:

„Ова што го гледаме од страна на пратениците на СДС е срамно и скандалозно.

СДС врши класична дискриминација по политичка основа. СДС промовира политика според која законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС, а ќе важат за сите останати.

Доколку сторат било каков прекршок сите граѓани ќе мора да плаќаат казна, а пратениците на СДС им гарантираат неказнивост на оние кои ја имаат нивна членска книшка.

Ваквото однесување на СДС е невидено во ниту една демократска земја. Не смее да се дозволи да се реализира политиката што ја промовираат пратениците на СДС ниту во болниците, ниту во социјалните установи.

Не смее едни пациенти да се игнорираат само заради тоа што немаат членска книшка, а други да бидат привилегирани заради нивната партиска припадност. Колку и да се обидува СДС и нивните медиуми да го игнорираат скандалозниот настап на нивниот пратеник, ваквото однесување мора да се осуди и санкционира.

Незамисливо е во Германија, пратеник на ЦДУ да излезе и јавно да промовира политика според која што секој што ќе извади членска книшка на партијата ќе има предност во болниците, ќе може да управува нерегистрирани возила или нема да плаќа казни за сообраќајни прекршоци.

Таквата политика води кон безредие и тој политичар од наредниот ден сигурно веќе нема да биде пратеник на ЦДУ.

Заев во текот на изборите ветуваше еднаквост помеѓу граѓаните, а денес гледаме како граѓаните со членска книшка ќе стануваат „подеднакви“ од оние кои немаат. Тоа е вистинскиот лик на СДС.

Едно ветуваат, а друго прават. Заев ветуваше департизација и деполитизација на институциите, за сега да гледаме како неговите пратеници ветуваат противправни привилегии од секаков вид само ако поседуваат партиска книшка од СДС, што претставува партизација од најтежок вид.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници да реагираат и да ги осудат ваквите политики кои се спроведуваат од пратеници на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите професионалци во институциите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на пратениците и функционерите на СДС и да не се впуштаат во кривични дела да даваат привилегии на оние кои имаат членски книшки на Бихаќка“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања