ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши целосен масакар врз здравството во Македонија

Од:

„СДС и Таравари го претвораат македонското здравство и здравствените установи во семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта.

По скандалозните одлуки за именување на директори на докажани митаџии и криминалци, Јане Нетковски, Дејан Докиќ и Иван Барбов. СДС на големо го претвора здравството во семејна фирма на неколку фамилии блиски до врвот на СДС.

СДС врши целосен масакар врз здравството во Република Македонија, што ќе има далекусежни последици врз квалитетот на здравствените услуги во иднина. Неодговорниот Таравари по назначувањето на ќерката и зетот на сопственикот на веледрогеријата „Елбојор“, за директори на Градската општа болница 8-ми септември и Геријатриската болница во Ѓорче Петров, ја назначи и Ирина Пановска Ставридис, ќерка на сопственикот на веледрогеријата Др.Пановски, Златко Пановски, и пријателка на Шекеринска, за директор на Клиниката за хематологија.

Именувањето за директори на здравствените установи, кои се во роднински врски со сопственици на веледрогериите е потенцијален ризик за криминал и фрла сомнеж за можна корупција во текот на директорувањето.

Со именувањето на Пановска за директор на клиниката за хематологија, се отвара можност истата да влијае на својата клиника или во други клиники во процесот на јавни набавки, фаворизирајќи ја веледрогеријата на татко и, создавајќи нелојална конкуренција на пазарот на веледрогерии.

Имено во моментот повеќе од 50% од набавките во клиниката за хематологија се од страна на веледрогеријата на доктор Пановски. Со оглед на тоа дека во оваа клиника се лечат многу тешко болни можете да замислите која е висината на цената на овие лекови. Исто така моежете да замислите колку ќе се зголеми овој процент сега откако во оваа клиника е поставена за директор ќерката на истиот тој добавувач.

Именувањето на Ирина Пановска, другарката на Шекеринска, за директор на Клиниката за хематологија, покажува дека СДС не сака и никогаш не сакал професионализам во здравството, СДС едноставно сака и има за цел целосна партизација на здравствените установи во Република Македонија.

И поради ваквата неодговорност и неспособност на СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, изјави Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела