ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше дебата за секое поважно прашање, а укинуваат мерки без консултации

Од:

„СДС ја има одговорноста да ја води Владата и да ги решава проблемите на граѓаните а не да глуми опозиција и да бега од одговорност.

Залудни се обидите на СДС со политиканство и безпредметни реакции да ја избегне одговорноста од погубната и деструктивна политика која ја водат во образовниот систем на Република Македонија.

СДС им ја укинa можноста на голем број студенти да можат своето високо образование да го стекнат во своето непосредно опкружување и со тоа на голем број на семејства ќе им ги зголеми трошоците за студирање на своите деца, а на некој дури и ќе им стави крај на плановите за едукативен развој во животот, тоа е реалноста и од тоа СДС неможе да избега.

СДС ветуваше дебата за секое поважно прашање во општеството, а гледаме како укинуваат мерки и проекти кои вродиле со плод без за тоа да ги консултираат граѓаните.

Граѓаните од СДС очекуваат реални мерки и проекти, остварување на ветеното, 16.000 денари минимална палата, 30.000 денари просечна палата, 100.000 денари плата за лекарите, нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ.

Наместо тоа граѓаните секојдневно се соочуваат со укинувања, уривања и блокирања, тоа е истиот оној препознатлив СДС од 90-те години на минатиот век“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски