ВМРО-ДПМНЕ: СДС веднаш да создаде услови за распишување на локалните избори

Од:

„Доколку барем малку СДС мислеше за доброто на државата и граѓаните ќе покажеше доблест и немаше да се обидува да го блокира процесот за одржување на локалните избори.

СДС не смее да ги става партиските пред приоритетите и интересите на граѓаните.

СДС треба да го надмине стравот од соочување со граѓаните, да собере храброст и да излезе на избори.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС веднаш да создаде услови за распишување на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓу период.

Досега од ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка борба во парламентот нема никаква штета врз функционирањето на локалната самоуправа, но ако од понеделник СДСМ и мнозинството во парламентот не направат соодветна измена и овозможат одржување на локалните избори ден порано, штета ќе има.

Штетата ќе се отслика на нормалното функционирање на единиците на локалната самоуправа, кои нема да можат да ги реализираат неопходните проекти и ќе ја внесат државата во хаос.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека локалните избори треба да се оддржат во најкраток можен рок, ВМРО-ДПМНЕ смета дека соодветен термин за оддржување на локалните избори е 2 јули, доколку сепак СДС не е подготвен за брзо соочување со граѓаните втор погоден термин е 17 или 24 септември, доколку сепак не се подготвени и на тој датум, како трет соодветен термин е 15 октомври.

Доколку СДС не се огласи и не прифати ниту еден од понудените датуми, ќе покаже и докаже дека само бегаат од соочување со граѓаните и со намера го одолговлекуваат процесот за распишување на изборите, зошто знаат дека на истите катострофално ќе бидат поразени“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Антонијо Милошоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски