ВМРО-ДПМНЕ: СДС спроведува брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив

Од:

„СДС започна да си го покажува своето вистинско лице. Покажува дека го интересираат само партиските работи, а не и народот и неговите потреби.

СДС за овие неполни два месеци започна акција за претворање на државата во партија, а партијата во држава.

За тоа доказ е смената на 1.500 членови на управни и надзорни одбори, и на незаконското отпуштање на вработените од администрацијата.

Владата на СДС започна да вработува партиски војници, комичари, поети, твитер ликови, шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДС, која пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта.

Згора на тоа СДС со подготвениот ребаланс на буџетот крати на капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување на платата за 5% за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните.

Но затоа владата на СДС со овој ребаланс на годишно ниво предвидува стотици милиони денари со кои ќе ги плаќаат партиските војници на СДС.

Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, СДС спроведува партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ