ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“

Од:

„СДС со Фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“ за да има целосна контрола.

Љубомир Фрчковски е човек кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби. Љубомир Фрчкоски е лустиран за ова свое делување и со правосилно судско решение не смее да врши јавни функции. Лустрираниот Фркчовски е еден од идеолозите на смената на над 600 судии во само неколку минути строго по политичка основа, со кој СДС изврши комплетна партизација на судството.

Лустрираниот Фрчковски според кажувањето на неговите колеги нема ниту еден научен труд и заслуга по која ќе се памети, освен по кочијашкиот речник, навредите и насилничкото однесување.

Безобразно е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Фрчковски за реформатор на судството, исто како што е безобразно на претседателот на комисијата за политички систем на СДС Маргарита Цаца Николовска да и се даде овластување да го реформира судството по теркот на Заев.

Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции.

Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и Претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата.

Јасно е дека СДС нема намера да работи на натамошно засилување на судската власт како независна!

Заев и СДС во рамките на новиот режим кој го инсталираат во Македонија и во склад со напорот партијата да се направи држава, а државата партија, сакаат повторно да воспостават строга партиска контрола врз судството.

Затоа им требаат луѓе како лустрираниот Фрчковски на кои ќе им дадат можност да глумат непартиски експерти и да кажат дека СДС мора да направи реизбор на судиите и да си намести нови стотици „Катици“ низ сите судови кои ќе ја спроведуваат политичката агенда и нарачките на Заев и неговите партнери.

Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев. Со ваквиот партиски совет на СДС, Зоран Заев сака свои послушници во судството кои ќе го спроведуваат политичкиот прогон на неистомислениците и политичките противници од ВМРО-ДПМНЕ, за да можат Заев и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов“, изјави Невенка Стаменковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов