ВМРО-ДПМНЕ: СДС си пресликале општинска организација во работната група за уставните измени

Од:

СДС во работната група за уставни измени како да пресликале своја општинска организација, сите кадри на Кацарска судството и дежурни платени пера на СДС и ДУИ сакаат да го кројат Уставот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно е дека ниту еден експерт, интелектуалец од областа и професор не сака да биде дел од циркусот на власта, па најдоброто кое што го предлагаат се партиски луѓе и поранешни функционери извадени од пензија. Кога во врвот на списокот на СДС е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров. Александар Наумовски јасно е колку таа работна група навистина е експертска и независна. Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје. Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДС од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур. Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци. Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа. По мерка на СДС е и Јагода Митревска, која нагласува дека има искуство од набљудување на кампањи во Русија. Па така од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на Уставни измени во Македонија се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?