А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС по секоја цена го правдаат неспособниот министер Таравари

by А1он02/09/2017 - 14:59102
Share0

„Денешното соопштение на СДС е само потврда дека тие се решени по секоја цена да го правдаат неспособниот министер за Здравство Таравари кој при готов проект, обезбедени средства и договорен изведувач, три месеци не отпочнува со изградба на современиот комплекс на новиот клинички центар Мајка Тереза. Тие се обидуваат да правдаат нешто што не се брани. Тоа говори дека неспособноста, неработењето и негрижата им се заедничка особина

Следете a1on на Instagram Instagram

Еден проект кој подолг период прецизно се изготвуваше со меѓународни партнери, странски консултантски куќи и со финансии обезбедени од европска банка, сега СДС го блокира. Типично за нивната деструктивна политика. Тие од политичка омраза се подготвени да стопираат еден капитален проект во здравството кој треба да ја подобри здравствената услуга и да го издигне здравствениот систем во Македонија.

СДС со ниту една манипулација не може да го покрие хаосот кој го прави во здравството. СДС успеа за три месеци да го уназади здравството за три години. Секој ден се слуша во јавноста за жртви, скандали, пропусти и катастрофална кадровска политика. За жал како и не градењето на новиот клинички центар, така и другите пропусти нема да наштетат на ВМРО-ДПМНЕ туку на пациентите. Граѓаните го гледаат целото незнаење на новата власт и тоа ќе предизвика несогледливи последици како по живото така и по здравјето на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дафина Стојаноска.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски28/11/2026 - 13:0028/11/2026 - 13:09

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

Горан Наумовски28/11/2026 - 11:58

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски28/11/2026 - 11:0928/11/2026 - 11:10

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Горан Наумовски28/11/2026 - 08:48

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

Катерина Ѓуровски27/11/2026 - 13:17

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски27/11/2026 - 12:1927/11/2026 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео