ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи на провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев дека, како што стои во соопштението, молчат и ги поддржуваат провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа.

– СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во соопштението додава дека според Охридскиот рамковен договор. пратениците може да се обраќаат на својот мајчин јазик доколку него го говорат над 20 проценти од населението.

– Тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата којашто ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик. Овојпат цела Македонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски