ВМРО-ДПМНЕ: СДС крати 3 милиони денари за изградба на дневен центар на лицата со попреченост во Чаир

Од:

„Владата на СДС покажува негрижа игнорантски однос кон лицата кои имаат најголема потреба од општествена грижа, тоа се лицата со попраченост. Имено таа крати цели 3 милиони денари потребни за изградба на дневен центар на лицата со попреченост тука во општина Чаир.

На сметка на тоа додава милиони за нови партиски вработувања. Дали е тоа истата партија која велеше дека се бори за департизација на општеството. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ во 2017-та година направи акциски план со конкретни рокови за остварување за изградба и отварање на повеќе дневни центри за лицата со попреченост низ Македонија меѓу кои и во Чаир. Со жалење ве информирам дека сите овие проекти се стопирани од оваа влада на СДС. За жал многу семејства имаат неопходна потреба од вакви дневни центри. Заради ова, заради вакво нехумано однесување оваа влада на СДС мора да сноси морална и политичка одговорност“, изјави Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина