ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за проекти жителите на Гази Баба знаат дека тоа се само предизборни лаги

Од:

„Владата на СДС за 5 месеци нема реализирано ниту еден проект во Гази Баба. СДС кога зборува за проекти жителите на Гази Баба знаат дека тоа се само предизборни лаги.

Гази Баба е општина каде СДС немаат мрднато се мал прст, општина каде немааат реализирано ниту една капитална инвестиција.

СДС во изминатиов период само ги лажеше граѓаните на Гази Баба, сееше ветер и магла наместо да реализира некој проект од значење за граѓаните.

Граѓаните знаат дека кога СДС ветува, тоа е само за потребите на предизборна манипулација на граѓаните. СДС како досега, така по изборите ништо нема да резлизираат, а лажните ветувања кои ги дадоа на граѓаните од Гази Баба ќе се надеваат дека ќе бидат заборавени од граѓаните.

Граѓаните на општина Гази Баба, во вториот круг од локалните избори ќе направат разлика помеѓу празните ветувања и лагите на кандидатот за градоначалник на СДС, Борис Георгиевски и многуте реализирани проекти на Тони Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на 29-ти Октомври ќе ја дадат довербата за нови асфалтирани патишта,за нови училишта, нови спортски сали, нови инвестиции за водоснабтителната мрежа во Стајковци, за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во Автокоманда, за изградба на нови пешачки патеки и велосипедски патеки кон Триангла и кон Хиподром, за нови зелени површини низ целата општина

Граѓаните на Гази Баба ќе ја дадат довербата луѓето кои го остваруваат ветеното, а не за луѓето чија единствена одлика се празните зборови и лагите во предизборието“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ