ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја гледа државата како приватна партиска сопственост

Од:

„Ова што го видовме е ни помалку, ни повеќе пратеник на Социјал демократскиот сојуз.

Ова што го видовме е скандал и газење на сите закони на Република Македонија.

Доколку постоеше било каква дилема околу начинот на кој што СДС сака да владее сега веќе нема.

СДС ја гледа државата како приватна партиска сопственост во која што нивната членска книшка ќе ја има тежината на втора лична карта.

Политиката што ја промовира пратеникот на СДС е газење на сите институции.

Срамно и недозволиво е во болниците да се даваат привилегии на тие што имаат членски книшки на СДС наместо на пациентите кои навистина имаат најголема потреба од медицинска грижа.

Срамно и недозволиво е Министрството за труд и социјална политика да им дава предност на оние кои имаат членски книшки на СДС наместо на граѓаните кои имаат најголема потреба од социјална помош.

Срамно и недозволиво е некој да се толерира да прави сообраќајни прекршоци или да вози нерегистриран автомобил само заради тоа што има партиска книшка на СДС, а сите останати да мора да плаќаат казни.

Ова е најеклатантно дискриминирање на граѓаните по политичка линија. Едни кои имаат членски книшки на СДС и за кои не важат законите и сите останати кои немаат членски книшки на СДС и кои ќе бидат санкционирани доколку не ги почитуваат законите.

Ова е најеклатантен пример за лицемерието и антиреформските политики на СДС. Во предизборната кампања Заев ветуваше еднаквост меѓу граѓаните, а после изборите најбрутално ја партизира државата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници да реагираат и да ги осудат ваквите политики кои се спроведуваат од пратеници на СДС. ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите професионалци во институциите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на пратениците и функционерите на СДС и да не се впуштаат во кривични дела да даваат привилегии ги оние кои имаат членски книшки на Бихаќка“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава