ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Од:

Тоа што на СДС им пречи во ЈПДП е тоа што во месец јули оваа година во однос на месец јули минатата година наплатата од патарини е зголемена за 1.1 милион евра.

СДС гледаат колку е подобрена работата на ЈПДП и затоа го напаѓаат Коце Трајановски.

СДС гледаат како сега се работи во ЈПДП и со која брзина се реализираат работите, нешто што беше незамисливо во нивно време.

Втора работа која СДС сака да ја сокрие и заради која го напаѓа Коце Трајановски е тоа што непосредно пред избори во ЈПДП бројот на вработени го зголемиле за 50%, т.е. вработиле нови 150 луѓе.

СДС ја кријат партизацијата која ја направиле и мислат дека со неосновани напади ќе го измамат народот.

Најголемиот страв пред се е заради одговорноста за милионските криминали кои ги правеле, за која знаат дека доаѓа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ